Работен состанок со Министерот за финансии

442 times

 

Minister Rabotna sredba so IIA Macedonia Sep2016На ден 23 Септември 2016, претставници на Управниот одбор на Здружението на внатрешни ревизори остварија состанок со

Г-дин Кирил Миноски, Министер за финансии на Република Македонија.

На работниот состанок членовите на Здружението на внатрешни ревизори на Македонија ги претставија своите активности како единствен овластен претставник на глобалниот Институт “The Institute of Internal Auditors - IIA Global”. Се разговараше за интернационалните професионални стандарди за внатрешна ревизија, етичкиот кодекс, актуелната законска регулатива и мисијата на внатрешната ревизија која како независна и објективна активност го подобрува корпоративното работење со добри деловни практики и додава вредност во организациите, со подобрување на нивната ефикасност, ефективност и економичност. 

Притоа се утврдија можности за имплементација при спроведување обуки за континуирана професионална едукација.

Беше промовирана и претстојната 3та Конференција “Ризикот во нашиот Универзум”, која ќе се одржи на 6ти и 7ми Октомври во Скопје, а на која повеќе од 25 врвни професионалци ќе го споделат своето искуство на актуелни теми поврзани со ризиците.

Почитуваниот Г-дин Кирил Миноски, Министер за финансии во Република Македонија го поздрави работењето на Здружението на внатрешни ревизори во Македонија и искажа отворена подршка со можност за идна соработка за сите актуелни теми поврзани со внатрешната ревизија.