Qualification in Internal Audit Leadership® (QIAL®)

Qualification in Internal Audit Leadership® (QIAL®)

Редовно посетувајте ги  веб страниците на  на Здружението на Внатрешни Ревизори на Р. С. Македонија како и на Глобалниот институт – https://global.theiia.org/certification  за најновите информации поврзани со процесот на сертификација.

Qualification in Internal Audit Leadership® (QIAL®)

Динамичните промени и комплексни услови за управување со ризицте и системите на интерни контроли во при водењето на процесите – побаруваат посебни вештини и знеања од внатрешните ревизори. Со цел да се излезе во пресрет на овие барања, Глобалниот институт разви посебна сертификациона програма – Qualification in Internal Audit Leadership® (QIAL®), како потврда на лидерските и менаџерски способности во делот на водењето на процесот на Внатрешната ревизија. Серитифкатот е пред се наменет за раководителите / директорите на службите за Ванатрешна Ревизија, но и за оние кои тоа сакаат да бидат.

Услови за стекнување на сертиифкатот  QIAL

Пред се премине на процесот на верификација на знаење и полагање на испитите, кандидатот треба да исполни неколку предуслови и да се согласи и прифати условите на програмата одобрени од страна на Одборот за професионална сертификација на Глобалниот институт  (The IIA’s Professional Certification Board  – PCB), како што се:

Етичкиот кодекс  (Code of Ethics), и Политиката за континиуирано професионално образование  (Continuing Professional Education (CPE).

Референци за искуство и професионална етика и карактер

Кандидатите мораат да демонстираат високи морални и професионални карактерни особини потврдени преку соодветен Формулар  (Character Reference Form) потпишан од  страна на лица со соодветни сертификати (CIA, CGAP, CCSA, CFSA, CRMA) или од личност која е директен раководител / супервизор на самиот кандидат.

Доказ за идентификација

Апликантите мора да обезбедат доказ за идентификација во форма на копија од пасош или лична карта. Овие документи мора да одговараат на моменталната состојба и документите чија важност е истечена нема да бидат земени во предвид. Сите документи мора да бидат скенирани и поставени над порталот на начин што обезбедува јасност и чистота на сликата.

Работно искуство

Кандидатите со четригодишно универзитетско образовнаие мораат да имаат најмалку 24 месеци искуство во делот на интерната ревизија или еквивалентно искустство во делот на управување со ризиците и контролните системи. Титулата магистер, може да замени 12 месеци од потребните 24 месеци работно искуство.

Формуларот за верификација на искуството мора да биде пополнет. Кандидатите можат да аплицираат за програмата и да полагаат испити пред да стекнат релевантно работно искуство, но нема да ја стекнат титула пред да го завршат потребното работно искуство.

Изберете го вистинскиот пат до сертификатот

·       Опција 1 –  Потенцијални и нови лидери (Aspiring Leader and New Leader)

  • Completing three case studies.
  • Making a presentation to a panel.
  • Having a panel interview.

·       Опција  2 –  Искусни лидери и инструктори (Experienced Leaders and Experienced Instructors)

  • Submitting a Portfolio of Professional Experience (PPE) in place of the case studies.
  • Making a presentation to a panel.
  • Having a panel interview.

На следнава табела е даден приказ на побараувањата согалсно наведените опции:

Дефиници

„Искуство за внатрешна ревизија или негов еквивалент“ значи искуство во дисциплини за ревизија или проценка, вклучително и внатрешна ревизија, надворешна ревизија, осигурување на квалитет, усогласеност и внатрешна контрола.

„Општо искуство во управувањето“ значи да се биде во позиција на одговорност за вработените, планирањето, квалитетот, буџетите или другите ресурси.

„Улога на ниво на извршен ревизор (АЕ)“ опишува лице на повисока позиција одговорно за ефикасно управување со активноста на внатрешната ревизија во согласност со повелбата за внатрешна ревизија и Дефиницијата за внатрешна ревизија, етичкиот кодекс и меѓународните стандарди за професионалната практика на внатрешна ревизија (Стандарди). АЕ или други кои известуваат за АЕ ќе имаат соодветни стручни сертификати и квалификации. Специфичниот наслов на работното место на АЕ може да варира помеѓу организациите. Во некои организации, може да има повеќе од една личност што ја задоволува оваа дефиниција, особено во големи организации каде што одговорностите можат да бидат разграничени според поделба, оддел, географски регион или слична сегментација.

За повеќе детали и најновите информации поврзани со самиот процес погледајте го следниов документ на Глобалниот институт:

https://global.theiia.org/certification/Public%20Documents/CIA-Brochure.pdf

 

Здружението на Внатрешни Ревизори на Р.С. Македонија ве охрабрува да го направите вистинскиот чекор во Вашата кариера.

© 2021 AIAM. All rights reserved.