За здружението

Формирање на Здружение на Внатрешните Ревизори на Република Северна Македонија

Здружението на Внатрешните Ревизори на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: ЗВРРСМ) е основано како непрофитна организација на 06.06.2008 година.

Првото Собрание 
на кое е презентирана идејата за формирање и постоење на ЗВРМ во Македонија е одржано на 06.06.2008 година, на кое беа донесени следните одлуки:

  • Одлука за основање на Здружение на внатрешните ревизори на Македонија
  • Одлука за усвојување на Статутот;
  • Одлука за усвојување на програмата;
  • Одлука за усвојување на Етичкиот кодекс;
  • Одлука за именување на членови на органите на Здружението;
  • Одлука за утврдување на висината на членарината;
  • Одлука за именување на лице за застапување на Здружението.

На 17.10.2008 година ЗВРМ организираше средба на заинтересирани лица со претставникот од IIA Global Denis Bergevin за претставување и афирмација на IIA Global во Македонија и за афилијација на ЗВРМ во глобалното здружение.

ЗВРРСМ е членка на IIA Global (The Institute of Internal Auditors-Global) и на 23.09.2017 година стана полноправна членка на Европската Конфедерација на Институтот на внатрешните ревизори (ECIIA).

Мисија

Промотер на најдобрите практики за внатрешна ревизија во Република Северна Македонија, подршка на професионалниот развој на своите членови и јакнење на нивното влијание во корпоративниот свет.

Дефиницијата на внатрешна ревизија ги наведува фундаменталните цели, природа и опфат на внатрешната ревизија.

Внатрешна ревизија е независна и објективна активност на уверување и советување, дизајнирана да додаде вредност и да го подобри работењето на организацијата. Внатрешната ревизија и помага на организацијата да ги оствари своите цели, преку користење на систематски, дисциплиниран пристап за проценка и подобрување на ефективноста на управувањето со ризиците, контролите, и процесите на раководење.

© 2021 AIAM. All rights reserved.