Редовно посетувајте ги веб страниците на Здружението на Внатрешни Ревизори на Р.С.Македонија како и на Глобалниот институт – https://global.theiia.org/certification за најновите информации поврзани со процесот на сертификација.
Certified Internal Auditor® (CIA®)
Сертифициран Внатрешен Ревизор – Certified Internal Auditor (CIA) e најпрестижниот сертификат и преставува потврден интернационален стандард за компетентност и стручност во рамките на професијата. Сертификатот постои повеќе од 40 годни и преставува своевиден “традемарк” и знак на препознатливост на здружението на Глобалниот институт.
Стекнувањето на овој сертифакт преставува голем и вистински чекор во развојниот пат и градењето на успешната кариара на секој внатрешен ревизор.
Преку овој сертрификат Вие:
Ја демонстирате Вашата професионалност и стручност во процесот на изведување на ревизорските ангажмани.
Се стекнувате со техники и методи за успешно менаџирање на ресурсите на внатрешната ревизија но и во односот со менџментот и клиентите во Вашата организација.
Овозмжувате континуиран напредок во професијата и стекнување на нови знаења и вештини.
Услови за стекнување на CIA®
Процесот за стекнување на титулата Certified Internal Auditor (CIA) – Сертифициран Внатрешен Ревизор ги следи трите основни генерaлни чекори во процесот на сертификација: проверка на подобност, полагање на испит и стекнување на сертификат.
1.Пријавување и проверка на подобност
2.Регистрација и полагање на испит
3.Стекнување на сертификат
По стекнување на серитификатот кандидатот мора да го одржува истиот преку процесот на континуирано учење и надградба (CPE – Continuing Professional Education) согласно напаствијата и политиката на Глобалниот институт.
Членство во Глобалниот институт – Тhe IIA
Општо, за да станете Сертифициран Внатрешен Ревизор – Certified Internal Auditor (CIA) не е потребно членство во Глобалниот институт, но секако Ве охрабруваме да ги земете предвид придобивките од ова членство.
Членовите на Глобалниот институт (the IIA) имаат право на попуст на учебниците за програмата и курсевите, на самите испити, имаат пристап до најновите извори за подготовка на испит, тековните вести и информации и можноста за вмрежување.
1.Проверка на подобност и аплицирање
Пред се премине на процесот на верификација на знаење и полагање на испитите, кандидатот треба да исполни неколку предуслови и да се согласи и прифати условите на програмата одобрени од страна на Одборот за професионална сертификација на Глобалниот институт (The IIA’s Professional Certification Board – PCB), како што се:
Етичкиот кодекс (Code of Ethics), и Политиката за континиуирано професионално образование (Continuing Professional Education (CPE).
Кандидатот треба да исполнува соодветни предуслови поврзани со формалното образвание и професионално работно искуство.
Образование
Кандидатите за CIA мораат да имаат најмалку универзитетска диплома на 4 годишни студии или еквивалентно образование на акредитирана институција.
Важна промена за самиот процес на сертификација се однесува на Одлуката на одборот на директори на Глобалниот институт, која се однесува на кандидатите кои не поседуваат диплома од акредитиран универзитет.
Одлуката се однесува на тоа дека како соодветна замена на дипломата, може да се достави доказ за две годишно образование на високошколски установи и потврда за пет годишно искуство за внатрешна ревизија или негов еквивалент,
или
Седум години потврдено Искуство за внатрешна ревизија или негов еквивалент.
„Искуство за внатрешна ревизија или негов еквивалент“ значи искуство во дисциплини за ревизија или проценка, вклучително и внатрешна ревизија, надворешна ревизија, осигурување на квалитет, усогласеност и внатрешна контрола.
Работно искуство
Кандидатите со четригодишно универзитетско образовнаие мораат да имаат најмалку 24 месеци искуство во делот на интерната ревизија или еквивалентно искустство во делот на управување со ризиците и контролните системи. Титулата магистер, може да замени 12 месеци од потребните 24 месеци работно искуство.
Формуларот за верификација на искуството мора да биде пополнет. Кандидатите можат да аплицираат за програмата и да полагаат испити пред да стекнат релевантно работно искуство, но нема да ја стекнат титулата пред да го завршат потребното работно искуство.
Дополнително кандидатот треба да се согласи за тајност.
Кандидатите во програмата се обврзуваат да ја чуваат содржината на испитот доверлива и затоа не смеат да разговараат за содржината на одделни прашања со некој друг освен со Одделот за сертификација на IIA. Неовластено откривање на материјал за испит ќе се смета за кршење на етичкиот кодекс (Code of Ethics) и може да резултира со дисквалификација на кандидатот или други соодветни мерки.
2. CIA испитни модули
Кандидатoт треба да положи три испити поврзани со соодвените модули од CIA програмата
Part 1 – Essentials of Internal Auditing
Part 2 – Practice of Internal Auditing
Part 3 – Business Knowledge for Internal Auditing
Делот 1 (Part 1 – Essentials of Internal Auditing), содржи 125 прашања и 2.5 часа (150 инути) и се однесува на домени кои се поврзани со практицирање и познавање на стандардите и пратките за спроведување на процесот на ревизија согласно The IIA’s International Professional Practices Framework (IPPF) на Глобалниот институт.
Делот 2 (Part 2 – Practice of Internal Auditing) содржи 100 прашања и 2.0 часа (120 минути) и се однесува на процесот на планирање, изведување, комуницирање и мониторинг на процесот како дел од ревизорскиот ангажман.
Делот 3 (Part 3 – Business Knowledge for Internal Auditing) 100 прашања и 2.0 часа (120 минути) и покрива критични области поврзани со бизнис опкружувањето, менаџмент, информативна сигурност и финансии.
На веб страницата на Глобалниот институт може да се најдат многу информации и ресурси за подготовка на самите испити, преку посетување на обука, семинари и/или преку концпетот на самостојно учење.
На веб страницата исто така може да најдете и примери со испитни прашања со кои може да го проверите Вашето знаење и да ја одредите тежината на самиот испит.
Тестирајте го своето знаење!
Ве охрабруваме, да пробате и да го проверите Вашето знаење.
3. Стекнување на сертификат
За да бидат квалификувани за програмата на ЦИА, кандидатите мора да ги исполнуваат условите за влез и да обезбедат образец за референца за карактер и проектна легитимација издадена од владата. За да се добие сертификација, кандидатите мора да ги положат сите три дела на испитот и да обезбедат верификација на професионалното искуство.
Референци за искуство и професионална етика и карактер
Кандидатите мораат да демонстираат високи морални и професионални карактерни особини потврдени преку соодветен Формулар (Character Reference Form) потпишан од страна на лица со соодветни сертификати (CIA, CGAP, CCSA, CFSA, CRMA) или од личност која е директен раководител / супервајзор на самиот кандидат.
Доказ за идентификација
Апликантите мора да обезбедат доказ за идентификација во форма на копија од пасош или национална лична карта. Овие документи мора да одговараат на моменталната состојба и документите чија важност е истечена нема да бидат препознаени. Сите документи мора да бидат скенирани и поставени над порталот на начин што обезбедува јасност и чистота на сликата.
Период на важност на апликацијата
Почнувајќи од ноември 2010 година, од кандидатот се бара да го заврши процесот на стекнување на сертификатот во рок од четири години од датумот на прифаќање на поднесената апликација. Доколку кандидатот не го завршил процесот на сертифицирање во тој период, сите платени такси и положени испити ќе бидат откажани.
Редовно стручно усовршавање (CPE)
Носителите CIA сертификатот мора постојано да стекнуваат нови знаења со цел да ги задржат своите способности и вештини на високо ниво. Односно мора да исполнат најмалку 40 часа годишна обука (40 CPE). CPE поени може да се постигнат со присуство на конференции, семинари, објавување стручни трудови, рангирање и на други начини што се предвидени согласно Политиката и правилата на Глобалниот институт.
За повеќе детали и најновите информации поврзани со самиот процес погледајте го следниов документ на Глобалниот институт:
https://global.theiia.org/certification/Public%20Documents/CIA-Brochure.pdf
Здружението на Внатрешни Ревизори на Р.С. Македонија ве охрабрува да го направите вистинскиот чекор во Вашата кариера.