Тренинг на тема заштита и здравје при работа и Факторинг 27 Април 2018 година

Тренинг на тема заштита и здравје при работа и Факторинг 27 Април 2018 година

Здружението на внатрешни ревизори, на 27 Април 2018 година, одржа еднодневен тренинг на 2 актуелни теми: Заштита и здравје при работа и Факторинг

На првиот дел од тренингот учесниците се стекнаа со знаења за тоа колку е важна безбедноста и здравјето при работа, како и за логиката на имплементацијата на системите за безбедност и здравје при работа. Беше дискутирано за ризиците со кои се соочува секоја компанија, опфатот и ревизијата на мерките за безбедност.

Вториот дел на обуката беше проект кој заедно со USAID Македонија го промовираше Факторингот, како успешен пристап со кој компаниите ја обезбедуваат својата ликвидност и обезбедуваат финансиски средства на краток рок.

Коментари