Формирање, промовирање и соработка на Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија
- Одржување на Собрание за формирање на нови УО и НО, како и вклучување на поголем број на членови во работењето на ЗВРМ; преку формирање на одбори за различни активности.
- Обезбедување на финасиски ресурси (спонзорства и грантови) за одржливост на ЗВРМ; обезбедување на канцеларија и технички персонал за водење на административните активности, библиотека и поддршка на членовите.
- Исполнување на критериумите на IIA Global за станување на рамноправен институт.
- Формално воспоставување на работни односи и комуникација со релевантни министерства, факултетски установи, НБРМ, комора и слично.
- Понатамошна комуникација со институтите во регионот, и воспоставување на комуникација со ECIIA (Европската регионална асоцијација на внатрешни ревизори)
- Збогатување на содржината на веб страната, отворање на форум и сл.
- Медиумска покриеност на ЗВРМ во локалните бизнис списанија.
- Подготвување на квартален билтен/информатор за членовите.
Обезбедување на едукација на членовите
- Со оглед дека структурата на членовите се менува потребно е повторно комуницирање со членовите и врз основа на нивните потреби изготување на план на обука. Со оглед на воспоставување на функција на внатрешна ревизија во индустрискиот сектор, потребно е повеќе внимание да се посвети на објаснување на суштината и целта на ревизијата како и одржување на обуки на ревизори почетници.
- Обуки/тренинзи може да се обезбедат и од IIA Global, како и со ангажирање на дел од членовите на ЗВРМ кои имаат поголемо искуство во оваа област.
- Треба да се охрабрува организирање на тркалезни маси за размена на искуство помеѓу членовите на ЗВРМ.
- Организирање на еднодневна национална конференција во 2011 година, каде учество би земале преставници на локалните релевантни институции, на IIA Global, и кадешто би се обезбедила медиумска промоција на ЗВРМ.
Членство
- Одржување на бројот на членови, согласно барањата на IIA Global (минимален број 50 членови).;
- Промоција на ЗВРМ и диверзификација на членството, вклучување на внатрешни ревизори од индустријата, осигурителните компании и сл.
- Вклучување на членството во работењето на ЗВРМ, преку учество во различни одбори.
Обезбедување на CIA цертификат
- Во зависност од потребите на членството, да се организира понатамошна обука за здобивање со CIA цертификат.
- Организирање на формални и неформални средби и работни групи помеѓу членовите на ЗВРМ за размена на практични искуства од подготвувањето и полагањето на CIA испитите.
Воспоставување на Одбори
- Формален план на лица кои би се вклучиле во Управниот Одбор и Надзорниот Одбор на ЗВРМ.
- Формирање на дополнителни одобри за дисперзирање на активностите на ЗВРМ и вклучување на дел од членовите.
Коментари