Извештај од овластен ревизор за 2014

ЗДРУЖЕНИЕ НА ВНАТРЕШНИ РЕВИЗОРИ

НА МАКЕДОНИЈА, СКОПЈЕ

Финансиски извештаи

за гoдината штo завршува

на 31 дeкeмври 2014 и

Извештај на независните ревизори

 

 

СОДРЖИНА

Страна

Извештај на независните ревизори

1 – 2

Биланс на приходи и расходи

3

Биланс на состојба

4

Белешки кон финансиските извештаи

5 – 10

 

ИЗВЕШТАЈ НА НЕЗАВИСНИТЕ РЕВИЗОРИ

До Собранието и Управниот одбор на Здружение на внатрешни ревизори на Македонија, Скопје

 

Ние извршивме ревизија на приложените финансиски извештаи (стр. 3 до 10) на Здружение на внатрешни ревизори на Македонија, Скопје (во понатамошниот текст “Здружението”), коишто го вклучуваат билансот на состојба на ден 31 декември 2014 и билансот на приходите и расходите за годината којашто завршува тогаш и прегледот на значајните сметководствени политики и други објаснувачки информации.

Одговорност на раководството за финансиските извештаи

Раководството е одговорно за подготвувањето и објективното презентирање на овие финансиски извештаи во согласност со Законот за сметководство за непрофитните организации кој се применува во Република Македонија, и интерната контрола којашто е релевантна за подготвувањето и објективното презентирање на финансиски извештаи кои што се ослободени од материјално погрешно прикажување, без разлика дали е резултат на измама или грешка.

Одговорност на ревизорот

Наша одговорност е да изразиме мислење за овие финансиски извештаи врз основа на нашата ревизија. Ние ја спроведовме нашата ревизија во согласност со Меѓународните стандарди за ревизија. Тие стандарди бараат да ги почитуваме етичките барања и да ја планираме и извршиме ревизијата за да добиеме разумно уверување за тоа дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешно прикажување.

Ревизијата вклучува извршување на постапки за прибавување на ревизорски докази за износите и обелоденувањата во финансиските извештаи. Избраните постапки зависат од расудувањето на ревизорот, вклучувајќи ја и проценката на ризиците од материјално погрешно прикажување на финансиските извештаи, без разлика дали е резултат на измама или грешка. Кога ги прави тие проценки на ризикот, ревизорот ја разгледува интерната контрола релевантна за подготвувањето и објективното презентирање на финансиските извештаи на ентитетот за да обликува ревизорски постапки коишто се соодветни на околностите, но не за целта на изразување на мислење за ефективноста на интерната контрола на ентитетот. Ревизијата исто така вклучува и оценка за соодветноста на користените сметководствени политики и на разумноста на сметководствените проценки направени од страна на раководството, како и оценка на севкупното презентирање на финансиските извештаи.

Веруваме дека ревизорските докази кои што ги имаме прибавено се достатни и соодветни за да обезбедат основа за нашето ревизорско мислење.

(продолжува)

 

 

ИЗВЕШТАЈ НА НЕЗАВИСНИТЕ РЕВИЗОРИ

До Собранието и Управниот одбор на Здружение на внатрешни ревизори на Македонија, Скопје (продолжение)

 

Мислење

 

Според наше мислење, финансиските извештаи објективно ја презентираат, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Здружението заклучно со 31 декември 2014 година, како и на неговата финансиска успешност за годината којашто завршува тогаш во согласност со Законот за сметководство за непрофитните организации кој се применува во Република Македонија.

Останати прашања

 

Здружението не составува извештај за промените на главнината и извештај за паричните текови, за годината којашто завршува на 31 декември 2014 година, бидејќи Здружението, во согласност со прописите применливи во Република Македонија, е класификувано како непрофитна организација, за која не се бара составување и презентирање на наведените извештаи.

ЈВК доо, Скопје, Македонија
Јовица Стојчевски

Јовица Стојчевски

Управител

Овластен ревизор

Скопје
10 март 2015 година

 

БИЛАНС НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ

За годината што завршува на 31 декември 2014

(во илјади денари)

 

 

Белешка

2014

2013

Приходи
Приходи од членарини

4

280

194

Приходи од услуги

5

152

1.087

Пренесен дел од вишокот на приходите од претходната година

699

276

1.131

1.557

Расходи
Амортизација

(2)

(3)

Материјални расходи и услуги

6

(348)

(852)

(350)

(855)

Вишок на приходи над расходи пред оданочување

781

702

Данок на добивка

7

(2)

(3)

Вишок на приходи над расходи по оданочување

779

699

 

Белешките кон финансиските извештаи се интегрален дел од финансиските извештаи

и треба да се читаат во врска со истите.

Овие финансиски извештаи беа одобрени од страна на раководството на Здружението на 28 февруари 2015 година.

__________________

Претседател

БИЛАНС НА СОСТОЈБА

На 31 декември 2014 година

(во илјади денари)

 

Белешка

2014

2013

СРЕДСТВА
Нетековни средства
Опрема

8

18

20

Тековни средства
Залихи

9

4

4

Побарувања од купувачи

10

35

24

Парични средства

11

726

664

Вкупно тековни средства

765

692

ВКУПНО СРЕДСТВА

783

712

Извори на деловни средства
Нераспределен дел од вишокот на приходи над расходи за наредната година

779

699

Тековни обврски
Обврски кон добавувачи

12

3

11

Обврски за данок на добивка

1

2

Вкупно тековни обврски

4

13

ВКУПНО ИЗВОРИ НА ДЕЛОВНИ СРЕДСТВА И ОБВРСКИ

783

712

 

Белешките кон финансиските извештаи се интегрален дел од финансиските извештаи

и треба да се читаат во врска со истите.

 

 

Здружението на внатрешни ревизори на Македонија (во понатамошниот текст “Здружението”) е здружение на граѓани кое е формирано согласно Законот за Здруженија на граѓани и фондации (Сл.весник на РМ бр.31/98 и 29/07) и како правен субјет е запишано во Централниот регистар на РМ со единствен даночен број 30120110048214. Седиштето на Здружението се наоѓа на бул. „Јане Сандански“ 88/4-7. Негов матичен број е 6380140. Статутот на Здружението е усвоен на 6 јуни 2008 година и е во согласност со Законот за Здруженија на граѓани и фондации.

Статутот ги дефинира целите и задачите на Здружението, формата на здружување, организирање, називот и седиштето, потребните барања за стекнување и прекинување на членство, правата и обврските на телата на Здружението, неговото застапување, финансирање и останати работи.

 

Основни принципи на организирање

 

Здружението е независно, невладино, непрофитно здружение на граѓани, кое е основано со слободната волја на граѓаните за здружување, остварување на основните права и слободи, отворено и транспарентно за јавноста и отворено за нови членства, организирано за промоција на професијата внатрешен ревизор и нејзините принципи во Република Македонија. Транспарентност во работењето се постигнува преку објавување на печатени материјали, организирање на семинари, обуки и курсеви за постигнување на сертификација на CIA за своите членови, информации во јавните медиуми, веб-страница и други форми на комуникација на членовите и сите други заинтересирани за активностите на Здружението.

Основни цели

• Развој на професијата внатрешен ревизор во Република Македонија;

• Подобрување на знаењето и стручноста меѓу своите членови;

• Заштита на интересите на своите членови;

• Создавање на професионално единство и меѓусебна поддршка на своите членови;

• Зголемување на степенот на професијата внатрешен ревизор;

• Одржлив развој на нови методи, техники и инструменти за вршење на внатрешна ревизија;

• Умрежување и промоција на соработкат, синергијата во развојните процеси и размена на искуства и знаења на регионално и меѓународно ниво;

• Доследно насочување и планирање на помош и поддршка на своите членови и други заинтересирани лица кои ќе се реализираат во CIAсистемот на учење и програмските активности;

• Да се ​​поддржи растот на сопствените ресурси во оперативните области и проекти во кои ќе бидат вклучени;

• Обука на различни нивоа и учесници (техничко и стручно образование), особено обука на стручни тимови во внатрешната ревизија за теми поврзани со професионалниот развој на внатрешната ревизија; и

• Други активности кои ќе водат кон подобрување на локалната професија на внатрешен ревизор во целина.

 

Придружните финансиски извештаи се подготвени во согласност со Законот за сметководство на непрофитни организации (Службен весник на Република Македонија бр. 24/2003), како и Правилникот за сметководство на непрофитни организации (Службен весник на Република Македонија бр. 42/2003).

Финансиските извештаи се подготвени врз основа на модифицирана готовинска основа.

При составувањето на овие финансиски извештаи Здружението ги применува сметководствените политики кои се обелоденети во Белешката 3 кон финансиските извештаи.

Функционална и извештајна валута на Здружението е македонскиот денар (“Денар”). Сите износи во финансиските извештаи и соодветните белешки се прикажани во илјади денари, освен доколку не е наведено поинаку.

  1. ПРЕГЛЕД НА ЗНАЧАЈНИ СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОЛИТИКИ

3.1        Признавање на приходи и расходи

 

Приходите и расходите се признаваат според начелото на модификувана готовинска основа на деловните промени, односно трансакции.

Приходите се признаваат во пресметковниот период во којшто настанале според критериумот на мерливост и расположливост. Приходите се мерливи кога можат да се искажат вредносно. Приходите се расположливи кога се остварени (наплатени) во пресметковниот период или во рок од 30 дена по истекот на пресметковниот период под услов приходите да се однесуваат на пресметковниот период и служат за покритие на обврските од тој пресметковен период.

За ивршените услуги, приходите се искажуваат по објективната вредност на примениот надомест или побарувањата од редовниот тек на активности на Здружението.

Расходите се признаваат во пресметковниот период во којшто настанале или во рок од 30 дена по истекот на пресметковниот период, под услов обврската за плаќање да настанала во тој пресметковен период.

3.2       Износи искажани во странска валута

Трансакциите настанати во странска валута се искажуваат во денари со примена на официјалните курсеви на Народна Банка на Република Македонија кои важат на денот на трансакцијата. Средствата и обврските деноминирани во странска валута се искажуваат со примена на официјални курсеви кои важат на денот на составувањето на Билансот на состојба. Нето позитивни и негативни курсни разлики, кои произлегуваат од конверзија на износите искажани во странска валута, се вклучуваат во Билансот на приходите и расходите во периодот на настанување.

 

3.3        Опрема

Опремата се евидентира по набавна вредност намалена за акумулираната амортизација и акумулираната исправка на вредност, доколку има.

Набавната вредност на опремата се состои од фактурната вредност, вклучувајќи ги и увозните давачки иданоците при набавка кои не се побаруваат, како и сите останати трошоци кои директно се припишуваат на трошоците за ставање на средството во работна состојба и локација за наменетата употреба.

Амортизацијата се пресметува со отпишување на набавната вредност на средството во текот на неговиот корисен век, со употреба на праволиниска метода. Годишната стапка на амортизација која се применува изнесува 10%.

  1. (продолжува)

3.4        Побарувања од купувачи и останати побарувања

 

Побарувањата се признаваат и евидентираат по фактурна вредност намалени за исправка на ненаплативите побарувања. Проценка за сомнителните и спорни побарувања се прави кога не е повеќе веројатно наплатувањето на целиот износ. Спорните побарувања се отпишуваат кога ќе се идентификуваат.

3.5       Парични средства

 

Паричните средства се состојат од пари во банка и пари во благајна во денари и странска валута.

 

3.6        Обврски спрема добавувачи и останати тековни обврски

Обврските спрема добавувачите и останатите тековни обврски се прикажуваат по нивната номинална вредност.

 

3.7       Данок на добивка

 

Согласно Законот за данок на добивка, непрофитните организации се ослободени од плаќање на данок на добивка за приходите остварени од членарини, спонзорства и донации со наменски карактер, кои се наменети за вршење на дејноста и чија единствена функција е само прибирање и распоредување за одредена намена.

Данок од добивка за 2014 и 2013 година се состои од данок од добивка кој се пресметува на одредени даночни непризнаени расходи. Даночна стапка за двата прикажани периоди е 10%. Пресметувањето и плаќањето на данокот на добивка се направени во согласност со одредбите на Законот за данок на добивка врз основа на кои се пресметува данокот на добивка за годината само на непризнаени расходи и исплата на дивиденди и други лични распределби на Здружението од изворите на средства, ако ги има.

 

 

Во илјади денари

Година што завршува на      31 декември

2014

2013

Приходи од членарини

280

194

Приходи од членарини се однесуваат на приходите собрани од страна на Здружението од своите членови во текот на годината. Годишна членарина за поединец изнесува 1,8 илјади денари (2013: 1,8 илјади денари).

 

 

Во илјади денари

Година што завршува на      31 декември

2014

2013

Техничко и стручно образование (редовни обуки)

152

108

Спонзорство

204

Котизација

775

152

1.087

 

Приходите од услуги се однесуваат на редовните годишни обуки и курсеви организирани од страна на Здружението за своите членови и бизнис заедницата. Приходи од спонзорство и котизација произлегуваат од организирањето на Првата меѓународна конференција на Здружението во текот на октомври 2013 година, на која учествуваа реномирани меѓународни предавачи од професијата.

 

6.       МАТЕРИЈАЛНИ РАСХОДИ И УСЛУГИ

Во илјади денари

Година што завршува на      31 декември

2014

2013

Материјали

2

5

Хотелско сместување

93

429

Превозни услуги

56

159

Репрезентација

23

26

Трошоци за промоција

23

38

Наемнини

67

Банкарски провизии

6

7

Трошоци за членарина

105

75

Дгуги трошоци и услуги

40

46

348

852

Трошоците за членарина се однесуваат на годишна членарина платена на Институтот за внатрешни ревизори, Флорида, Соединети Американски Држави.

  1. 7.         ДАНОК НА ДОБИВКА

Во илјади денари

Година што завршува на      31 декември

2014

2013

Тековен данок на добивка

2

3

Тековниот данок на добивка се пресметува врз одредени трошоци кои не се одбиваат за даночни цели.

 

  1. 8.         ОПРЕМА

Во илјади денари

Опрема

Набавна вредност
Состојба на 1 јануари 2014

23

Набавки

Состојба на 31 декември 2014

23

Исправка на вредност
Состојба на 1 јануари 2014

3

Амортизација за годината

2

Состојба на 31 декември 2014

5

Сегашна сметководствена вредност
На 31 декември 2014

18

На 31 декември 2013

20

  1. 9.         ЗАЛИХИ

Во илјади денари

Година што завршува на      31 декември

2014

2013

Ситен инвентар во употреба

4

4

  1. 10.        ПОБАРУВАЊА ОД КУПУВАЧИ

Во илјади денари

Година што завршува на      31 декември

2014

2013

Побарувања од купувачи

35

24

 

 

  1. 11.        ПАРИЧНИ СРЕДСТВА

Во илјади денари

31 декември

  31 декември

2014

2013

Жиро сметка во денари

656

535

Девизна сметка

30

123

Благајна во денари

40

6

726

664

 

 

  1. 12.        ОБВРСКИ КОН ДОБАВУВАЧИ

Во илјади денари

31 декември

  31 декември

2014

2013

Обврски кон добавувачи

3

11

Коментари

© 2021 AIAM. All rights reserved.