Предизвици на  улогата на Ревизијата

Предизвици на улогата на Ревизијата

Грчкиот филозоф Хераклит е познат по своето верување дека „единствената константа во животот е промената“. Поминаа над 2.500 години од првото појавување на оваа мисла, а денес  после толку време кога ја набљудуваме и живееме оваа наша реалност, можеме да кажеме дека овие зборови звучат толку свежо и точно во секој аспект од нашето делување.

Кризата предзивикана со COVID-19 пандемијата само ги забрза овие промени и наметна нова реалност, во сите нивоа не само на бизнис опкружувањето туку и воопшто во  нашите секојдневни активности. Човештвото во целина се соочува со драматични промени и предизвици, кои треба навремено да се адресираат и препознаат, а соодветно на тоа и управуваат.

Од таму Внатрешната ревизија  има голема улога во адекватните одговори и подготовки на соодветни стратегии  на компанииите во однос на справувањето со  промените наметнати со  COVID-19 пандемијата. При тоа во овие предизвикувачки времиња, раководителите и воопшто вработените во  внатрешната ревизија имаат и обврска и можност да им помогнат на своите компании да управуваат со најкритичните ризици што COVID-19 ги ​​создаде или соодветно ги модифицира и зголеми. Додека менаџерите и бизнис раководителите се фокусирани на оперативните предизвици со императив за соодветно управување со ризиците и обезбедување на континуитет во работењето,  внатрешната ревизија може значјано да им помогне токму во делот на идентификација на ризиците и  да им овозможи полесно да ги донесат своите одлуки.

Во нормални околности, внатрешните ревизори изведуваа сами или со помош на  риск офицерите, проценка на ризиците врз основа на што се подготвуваа соодветни планови за ревизија (годишни и/или тригодишни циклуси). Но овие исклучителни времиња бараат различен пристап и поставување на приоритетите. Меѓутоа, бидејќи ризиците  стануваат се повеќе хибридни по својата природа и манифестација опфаќајќи аспекти од различни домени: оперативни, сајбер, финансиски, приватност, од внатрешните ревизори се бара да испорачаат  поширок спектар на услуги, честопати за кратко време. Во некои случаи – на пример, во финансиски институции внатрешните ревизори, исто така, имаат одговорности околу воспоставувањето на апетитот и културата на ризик и контрола  како дел од корпоративното управување.

При тоа останува примарната функција на Внатрешната ревизија како независна активност за давање на објективно уверување и совет за да се зголеми вредноста и подобри квалитетот на работењето на организацијата / компанијата во целина.   Овие базични постулати на Внатрешната ревизија не смеат да бидат загорезни и доведени во прашање во ниедна ситуација, дури и во услови зголемен притисок во текот на COVID-19 пандемијата. Реално е да се очекува, дека и во наредниот период, предизвикот за функциите на Внатрешната ревизија  ќе биде да се осигура дека тие продолжуваат да обезбедуваат објективна и професионална проценка и надзор на  динамичните промени на нивото и квалитетот на  ризиците во компаниите.

Сега е момент Внатрешната ревизија да погледне малку подалеку од таа годишната рутина и да и помогне на  компаниите  преку специфичниот сет на компетенции и знаења, со што може да даде вреден придонес во голем број приоритетни области во текот на следните месеци, вклучувајќи:

  • Развој и одржување на планот за управување со кризи и кризен менаџмент
  • Поников пристап во процесот на детекција и управување со ризиците – поставен на континуирана основа
  • Прифаќање на агилноста како метод во сите деловни процеси и носењето на одлуки

Промовирање на културата на  справување и препознавање на ризиците како дел од корпоративното управување.

Коментари

© 2021 AIAM. All rights reserved.