Институт на Внатрешни Ревизори на 21 Јуни 2019 ви најавува актуелна обука согласно годишниот план од предавачот – Мицков Сашо:
“Предизвиците на Внатрешниот Ревизор во дигиталната економија – приватност, работа во облак, blockchain, криптовалут и…”
(“Audit and ringing the cybersecurity digitalization of under control -blockchain, GDPR, cloud, crypto currency ….”).
Во рамки на обуката ќе бидат опфатени предизвиците со кои се соочува Внатрешниот Ревизор при проценките и известувањето за ризиците поврзани со дигитализацијата односно примената на Интернет технологијата во работењето на организациите.
Обуката е наменета за Внатрешните Ревизори но и за сите оние кои ги дизјанираат, имплементираат или користат сервисите во дигиталниот свет – како што се Риск Офицери, Офицери за заштита на лични податоци, ИТ вработени, Одговорни за Информативна Сигурност, Раководители на бизнис процеси.
Обуката ќе се одржи на 21 Јуни 2019 од 10:00 до 15:00 часот, во просториите на Економски Факултет, УКИМ Скопје по цена од 3.000 денари за членови / 3.900 за не-членови. Доколку од една организација се пријават повеќе вработени, а имаат барем еден член во Институтот на внатрешни ревизори, цената се пресметува како за членови на ИИА- 3000 денари.
Коментари