Успешно организирана 4-тата конференција – “ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА” – Where Governance & Risk Management Align for Impact.

Успешно организирана 4-тата конференција – “ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА” – Where Governance & Risk Management Align for Impact.

На 25 и 26 Октомври, во Александар Палас се одржа 4-тата конференција организирана од Здружението на Внатрешни ревизори на Македонија на тема – “ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА” – Where Governance & Risk Management Align for Impact.

На конференцијата учествуваа 24 предавачи од различни области и сектори кои ги споделија своите искуства во управувањето со ризици, контролни процеси и организациони предизвици, како и теоретски знаења и актуелни новости од областите како дигитализација, иновативност, економичност, ефикасност и ефективност! Нивните презентации беа во можност да ги чујат преку 160 гости кои со своето присуство придонесоа оваа конференција да биде успешна. Значајна поддршка на оваа конференција овозможи и овогодинешниот сребрен спонзор, компанијата MAGENID од Бугарија – успешна софтверска компанија која во денешниот свет на дигитализација нуди софтверски решенија за data analytics, финансиски криминал и безбедност.

Конференцијата ја отвори Претседателот на Здружението на Внатрешни ревизори на Македонија – Г-ѓа Билјана Секуловска, со краток вовед и благодарност до сите учесници и поддржувачи на настанот.

Првиот ден од конференцијата изобилуваше со квалитетни теми, обработени од еминентни предавачи кои преку свои презентации ги пренесоа знаењата од полињата на нивната експертиза до сите кои беа пристутни. Колегите од Институтите на Внатрешни ревизори на земјите од соседството дадоа свој придонес, од кои Kemal Tapkan, Потпретседател на Здружението на Внатрешни ревизори на Турција, Polona Pergar Guzaj, Претседател на Здружението на Внатрешни Ревизори на Словенија и Slavko Rakocevic, Претседател на Здружението на Внатрешни Ревизори на Црна Гора кои имаа свои презентации на теми како ефективноста на функцијата на внатрешната ревизија, вклучување на ризиците од измама во ревизорскиот план и важноста од имплементација на програми за усогласеност во организациите.

Од аспект на управување со ризиците говореа Тони Стојановски, Генерален менаџер за управување со ризиците, Стопанска Банка и Климе Попоски, Претседател на Агенцијата за супервизија на осигурување, поточно за предизвиците во околината која брзо се менува како и менаџирање на ризиците кои произлегуваат од катастрофални непредвидливи настани.

Снежана Черепналковска Дуковска, Народна Банка РМ (Сениор Советник – Внатрешна Ревизија), Драган Давитков, Директор, PwC Macedonia и Слободан Димитровски, Главен Извршен Ревизор, Кам Холдинг дадоа осврт со поединечни презентации за предизвиците во внатрешната ревизија од аспект на дигитализацијата, новите технологии и иновациите.

Зорица Божиновска Лазаревска, PhD, Економски Факултет од Катедрата за Ревизија која е верен поддржувач и соработник на Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија, презентираше за професионален скептицизам кај внатрешните ревизори во контекст на детектирање на измама. На тема измама – поточно “Глобални профили на вработени вклучени во измама” одличен осврт даде и Срџан Ранџеловиќ, Партнер во KPMG Македонија

Вториот ден од конференцијата повторно беше исполнет со исклучителни теми, од кои колегите Jasna Turkovic – Претседател на Институтот на Внатрешни Ревизори на Хрватска, Marija Banovic – Претседател на Надзорниот одбор на Институтот на Внатрешни Ревизори на Србија и Aleksandar Geshkov, CAE IIA Бугарија презентираа на одлични теми како препознавање на професионални таленти, управување со ризиците и менаџирање на виртуелни тимови. Концептот на “IT Shadow” како и начините на проценка на ризик и мониторирање беше пластично презентиран од Сашко Мицков, Information Security Officer – CISO , Sparkasse Bank.

Свој осврт за начинот на кој комуницираме и подобрување на техниките на комуникација во професионалната околина даде Петар Лазаров, Генерален Менаџер на Македонија Експорт.

На дводневната конференција беа опфатени и теми како управување со ризиците во јавниот сектор, правен третман на дигитални медиуми, заштита на лични податоци, глобални профили на потенцијални вработени вмешани во измама и многу други значајни области.

Конференцијата ја затвори Претседателот на Здружението на Внатрешни ревизори на Македонија – Г-ѓа Билјана Секуловска со краток завршен говор и благодарност до сите предавачи и учесници за успешната конференција.

     

Линк до целата галерија

Конференција 25-26 Октомври 2018 година

Коментари

© 2021 AIAM. All rights reserved.