Здружението на внатрешните ревизори Ви ги најавува обуките – “Истрага за измама: совети и опасности” и “Примената и предизвиците на новите технологии во (ИТ) Ревизијата”.
Терминот во кој ќе се одржуваат двете обуки е 8-ми Ноември 2019 година од 09 до 16.30ч на Економски Факултет, при Универзитетот Свети Ќирил и Методиј.
Учесниците ќе се здобијат со 6 КПУ.
Fraud investigation: tips&perils-Истрага за измама – совети и опасности. Тренингот ќе биде одржан од страна на Александра Тасева, CIA, CFE,FCCA,CRMA. Таа е експерт со 15-годишно искуство во внатрешната ревизија во банкарската индустрија, вклучително и вршење специјални истраги за измама. Таа е презентер на работилници, обуки и конференции организирани од IIA Македонија и АБИТ Македонија (банкарство и ИТ академија), опфаќајќи теми поврзани со внатрешната ревизија и измамата.
Примената и предизвиците на новите технологии во (ИТ) Ревизијата. Тренингот ќе биде одржан од Сашо Мицков, CIA, CISA, внатрешен ревизор со 13 годишно искуство во банкарскиот финансискиот сектор во делот на внатрешната ревизија односно воспоставувањето на системите на интерни контроли.
За повеќе информации, посетете ги следните линкови:
https://aiam.org.mk/download/IIA_MK_Тraining_Aleksandra_Taseva_08.11.2019.pdf
https://aiam.org.mk/download/IIA_MK_Тraining_Saso_Mickov_08.11.2019.pdf
Ве очекуваме!
Коментари