Работен состанок со Министерот за финансии на Р.Македонија 20.11.2017 година

Работен состанок со Министерот за финансии на Р.Македонија 20.11.2017 година

На ден 20 Ноември 2017 година, Претседателот и Заменик претседателот на Управниот одбор на Здружението на внатрешни ревизори остварија работен состанок со Г-дин Драган Тевдовски, Министер за финансии на Република Македонија.
На работниот состанок претставниците на Здружението на внатрешни ревизори на Македонија ги претставија активностите на Здружението како единствена и полноправна
1) Членка на глобалниот Институт “The Institute of Internal Auditors – The IIA Global”, и
2) Членка на Европската “European Confederation of The Institutes of Internal Auditors – ECIIA”

Се разговараше проактивно и плодно за актуелни теми за внатрешната ревизија.

Воедно тема на дискусија беа и интернационалните стандарди за внатрешна ревизија, етичкиот кодекс, актуелната законска регулатива и мисијата на внатрешната ревизија која како независна и објективна активност го подобрува корпоративното работење со добри деловни практики и додава вредност во организациите, со подобрување на нивната ефикасност, ефективност и економичност.
Беше промовирана и претстојната Обука “Детекција на измами во финансиски извештаи”, која ќе се одржи на 15ти Декември 2017 година во Скопје, а на која врвен професионалец од Рајфајзен Банка ќе го сподели своето искуство на актуелни теми поврзани со ризиците.

Почитуваниот Г-дин Драган Тевдовски, Министер за финансии во Република Македонија го поздрави работењето на Здружението на внатрешни ревизори во Македонија и искажа отворена подршка за иницијативите со можност за идна соработка за сите актуелни теми поврзани со внатрешната ревизија.

Коментари

© 2021 AIAM. All rights reserved.