“Предизвици и перспективи на ревизорската професија”

“Предизвици и перспективи на ревизорската професија”

Почитувани,

Согласно Меморандумот за Заедничка соработка помеѓу Здружението на внатрешните ревизори на Република С.Македонија (ЗВРРСМ) со Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе се спроведе настан за Континуирано професионално усовршување за овластени ревизори, на тема ‘“Предизвици и перспективи на ревизорската професија’, што ќе се одржи на 20 и 21 октомври 2020 година.

Во прилог испраќаме Покана и Програма за настанот што ќе се одржи на 20 и 21 октомври 2020 година, со физичко присуство во просториите на Центарот за обука М6, во зградата на Винарска визба Тиквеш АД Скопје и онлајн, од 09.00 до 13.00 часот. За присуство на настанот ќе се признаваат 8 КПУ часа за 2020 година за овластените ревизори и за внатрешните ревизори.

Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 16 октомври 2020 година, додека уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 19 октомври 2020 година.

На следниот линк може да ја погледате програмата:  

https://aiam.org.mk/download/Програма – предизвици и перспективи на ревизорската професија.pdf

Имајќи ја во предвид актуелната ситуација со пандемијата на COVID-19 и согласно мерките на Владата, заради ограничениот број на слушатели кои физички ќе го следат настанот, учеството е по принцип прв пријавен прв регистриран, додека останатите слушатели обуките ќе ги следат онлајн. Пред настанот секој слушател на својата адреса за е-пошта ќе добие линк и упатството за следење на настанот.

Пријавувањето за учество на настанот се врши исклучиво преку пристапување на следниот линк http://bit.ly/kpu_revizori . Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство како да се приклучите за следење на настанот, и линк за следење на настанот.

Со почит,

Билјана Секуловска

Претседател на УО на ЗВРРСМ

Тел. +38970754650

Е-пошта:.contact@aiam.org.mk

www.aiam.org.mk

Коментари