ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВНАТРЕШНИ РЕВИЗОРИ НА МАКЕДОНИЈА

На 09ти Јануари 2019 година, Институтот на овластени ревизори на Република
Македонија (ИОРРМ) и Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ)
потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за
подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко
ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови.

Меморандумот предвидува соработка во неколку области: соработка меѓу двете
професионални организации во спроведување на заеднички обуки, креирање
заеднички став и консолидирано изјаснување кон актуелни регулативи од взаемен
интерес, размена на информации за можни предавачи на едукативните настани
организирани од страна на двете договорни страни. Взаемно почитување и
унапредување на меѓусебните односи и соработка.

Во рамките на оваа соработка, Институтот на овластени ревизори на Република
Македонија (ИОРРМ) ќе врши признавање до 8 часови Континуирано професионално
усовршување (КПУ), на годишно ниво, за обуки организирани од страна на ИОРРМ во
соработка со ЗВРМ за членовите (овластени ревизори).

Токму во Април 2019 година е планиран првиот заеднички настан за кој подготовките
се во тек и врвни професионалнци предавачи од соседните земји го потврдија своето
присуство. Во текот на еднодневниот настан се планира и панел дискусија на која ќе
бидат учесници професионалци, експерти од различни подрачја, кои ќе имаат
можност да одговорат на прашањата за предизвиците во ревизијата. Сите членови на
ИОРРМ и ЗВРМ се покануваат да земат учество на овој настан, за кој подетална
агенда ќе биде пратена во текот на месец Февруар 2019.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседателката на ЗВРМ, г-ѓа Билјана
Секуловска, и претседателот на ИОРРМ, г-дин Драган Димитров.

Коментари

© 2021 AIAM. All rights reserved.