OnLine Обуки

OnLine Обуки

Почитувани членови,

Следејќи ја актуелната состојба предизвикана со Kорона вирусот и барањето на своите
членови, Здружението на внатрешните ревизори на РС Македонија (ЗВРРСМ)  и Институтот за
овластени ревизори на Р. Македонија (ИОРРМ) го збогатуваат своето портфолио нудејќи за
прв пат оn-line обуки кои може да ги следите преку Интернет:
Обука Прв дел – Новиот закон за заштита на лични податоци – преглед и новитети
Обука Втор дел – Преглед на поставеноста и улогата на  Офицерот за заштита на лични
податоци
Бидете подготвени и навреме испланирајте ги своите активности за што поуспешно и полесно
усогласување со овој Закон како и со Европскиот закон за заштита на лични податоци (GDPR.)
Online учењето (или учењето на далечина) станува вообичаена практика, не само поради
актуелниот миг.  Користејќи ги бенефитите на модерната технолгија преку Интернет ќе може да
партиципирате во самата обука со свои прашања и коментари и интерaктивно да комуницирате
со предавачот, не напуштајќи ја удобноста на својот дом. Исто така по завршување на обуката
презентацијата ќе ви биде достапна за превземање.
ВАЖНО: Искористeте ја ова промотивна понуда да добиете пристап до обуките за цена
од само 2.000 денари за членови и 4.000 денари за оние учесници кои не се членови на
ЗВРРСМ и ИОРРМ. Понудата е недделива.

Пријавувањето е најдоцна до 21-ви Април 2020 година на   contact@aiam.org.mk

Време:
1.    Обука Прв Дел – Четврток, 23-ти Април 2020 /10:00 –   12:30 часот

2.   Обука  Втор Дел – Четврток, 30-ти Април 2020 /10:00 –   13:00 часот

Локација: Интернет
ВАЖНО: Линкот за пристап до обуките ќе ги добиете по регистрацијата,  на Вашиот e-mail
кој сте го пријавиле.

Учесниците ќе се здобијат со 6 КПУ за двете обуки (по 3 CPE).
За повеќе информации, посетете ја web страницата на Здружението: https://aiam.org.mk/

или на линкот: https://aiam.org.mk/download/IIA_MK_Тraining_23_30.04.2020.pdf

 

Коментари

© 2021 AIAM. All rights reserved.