На 01 Јуни 2018 година(петок), на МИТ Универзитетот, се одржа обука на тема: “Одвраќање на измами и одговор кон инциденти”
Специјални предавачи на обуката беа:
– Иван Игњатов, ОДР, OCB, CMC, ISO/IEC, Assistant General IPA Auditor
– Атанас Карајковски, Инспектор / Истражител, Финансиска полиција
Во текот на обуката беше презентирано дека според најновиот извештај “Report to the nations 2018” ACFE – Association of certified fraud examiners, организациите губат во просек 5% од годишните приходи поради измама. (Секој учесник на обуката доби примерок од “Report to the Nations 2018”, како и сертификат за учество и успешно реализирана обука)
Учесниците беа запознаени со 5-те клучни „red flags“ со кои се открива измамата:
1. животен стил над можности,
2 .финансиски потешкотии,
3. невообичаена блиска соработка со купувачи / добавувачи,
4. фамилијарни проблеми и
5 . неподготвеност да споделува должности.
Најголем дел од организациите прават грешка што реагираат пасивно и корективно кон ризикот од измама, кога е веќе предоцна. Добра вест се најновите трендови и модели „DATA MONITORING / ANALYSES“ и „SURPRISE AUDITS“ кои влијаеле на редукција на измамите за побрза детекција (54%) и намалена штета (51%) !
Коментари