“GOVERNANCE RISK MANAGEMENT AND CONTROL”-“Управување, Менаџмент на ризици и контролни процеси”

“GOVERNANCE RISK MANAGEMENT AND CONTROL”-“Управување, Менаџмент на ризици и контролни процеси”

Здружението на внатрешни ревизори на 29.06.2018 година организираше обука на тема “Управување, Менаџмент на ризици и контролни процеси”. Во рамките на обуката беше потенцирано дека доброто корпоративно управување, менаџментот со ризици и ефективноста на интерните контроли имаат клучна улога за успешно остварување на деловните цели на организацијата. Основен услов за заштита на вредностите и средствата на организацијата е воспоставување функционален систем на внатрешни контроли. Корпоративните цели, со нивната организациона поставеност и контролната средина во која делуваат континуирано еволуира, и како резултат на тоа ризиците кои се присутни истотака постојано се менуваат. Успешноста на менаџментот со ризици и интерниот контролен систем зависат од редовната и темелна евалуација на нивната изложеност со актуелните ризици од кои зависи во голема мерка степенот на остварување на корпоративните цели и вредности.

 

 

 

Предавачи на обуката беа: СЛОБОДАН ДИМИТРОВСКИ CIA, CGAP, CCSA, CAE КАМ Холдинг и ИВАН ИГЊАТОВ ОДР, OCB, CMC, ISO/IEC Assistant General IPA Auditor

Коментари

© 2021 AIAM. All rights reserved.