Почитувани,
Со задоволство Ве информираме дека е објавена официјалната програма за ECIIA Conference 2026, која ќе се одржи на 15 и 16 октомври 2026 година во Брисел, Белгија.
Конференцијата, под мотото „Internal Audit at Europe’s Crossroads – Navigating Change Towards Tomorrow“, ќе ги обедини водечките професионалци од областа на внатрешната ревизија од цела Европа.
Во програмата се опфатени актуелни теми, меѓу кои:
иднината на професијата внатрешна ревизија;
вештачка интелигенција и дигитална трансформација;
сајбер безбедност;
управување со ризици;
деловен континуитет;
геополитички предизвици;
човечки капитал и лидерство;
како и многу други актуелни области.
Конференцијата носи 14 CPE поени и претставува одлична можност за стекнување нови знаења, размена на искуства и вмрежување со професионалци од Европа.
Погледнете ја целосната програма и дознајте повеќе на:
https://www.eciia2026.eu/en/program
Со почит,
ЗВРРСМ
