За време на овогодинешната конференција, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Здружението на внатрешни Ревизори на Македонија и Институтот на внатрешни Ревизори на Црна Гора од страна на претседателите на здруженијата – Билјана Секуловска и доц. др. Славко Ракочевиќ.
Meморандумот е потпишан со цел размена на знаења, идеи и искуства во областа на внатрешната ревизија кои ќе придонесат за развој на професијата во двете земји.
Коментари