Доброто корпоративно управување, менаџментот со ризици и ефективноста на интерните контроли имаат
клучна улога за успешно остварување на деловните цели на организацијата.
Функционалниот систем на интерни контроли придонесува за заштита на вредностите и средствата на организацијата.
Внатрешната ревизија во својата срцевина го има стандардот IIA 2100 Природа на работата со кој во својата тековна активност
мора да врши проценка и да придонесува за подобрување на организациското управување, менаџмент со ризици и
контролни процеси преку примена на систематски и досциплиниран пристап базиран на ризици.
Актуелни предизвици се:
1) Несоодветен “tone at the top” / Пасивна улога на Управувањето во менаџмент со ризици
2) Управувањето со ризик не е поврзано со стратегијата
3) Недостаток на јасно дефиниран апетит за ризик
4) Трите линии на одбрана не работат координирано и ефективно
5) Контролен радар со слаб ефект на превентивни и детективни дојави
Корпоративните цели, со нивната организациона поставеност и контролната средина во која делуваат континуирано еволуира, и
како резултат на тоа ризиците кои се присутни истотака постојано се менуваат. Успешноста на менаџментот со ризици и
интерниот контролен систем зависат од редовната и темелна евалуација на нивната изложеност со актуелните ризици од кои
зависи во голема мерка степенот на остварување на корпоративните цели и вредности.
Здружението на внатрешните ревизори на Македонија организира тренинг за:
,,GOVERNANCE RISK MANAGEMENT AND CONTROL / Управување, Менаџмент на ризици и контролни процеси”
Предавачи:
СЛОБОДАН ДИМИТРОВСКИ CIA, CGAP, CCSA, CAE – КАМ Холдинг
ИВАН ИГЊАТОВ ОДР, OCB, CMC, ISO/IEC – Assistant General IPA Auditor
Стандардна котизација 7.000 денари
Котизација за Членови на IIA MK 4.000 денари
за Early Bird (до 25ви Јуни) & за групна пријава следува попуст 1.000 денари
Препорака! Кој треба да присуствува на оваа обука?
Главен Извршен Ревизор, Главен Менаџер за ризици, Офицери за безбедност, Внатрешни Ревизори, Сметководители, Менаџери за усогласеност, Екстерни Ревизори, Правници, Контролори
Искористете ја единствената можност да го надградите своето знаење и стручност,
Во случај на интерес за обуката, пратете информација на contact@aiam.оrg.mk
За дополнителни информации слободно јавете се на 075 233 448 или 070 279 426 или на следниот линк:
http://aiam.org.mk/download/IIA-MK-Training-Governance-Risk-Control-29Jun2018.pdf
Коментари