ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Здружението на Внатрешни Ревизори на Република Северна Македонија

Грижата за заштита на личните податоци и приватноста на своите членови и деловни партнери претставува приоритет на Здружението на Внатрешните Ревизори на Р. С.Македонија (во понатамошниот текст ЗВРРСМ)
Политиката ги објаснува видовите информации кои може да ги собереме и задржиме при посета на веб-страницата на Здружението, како и на кој начин се користат и со кого се споделуваат.
Прегледот на интернет страниците на ЗВРРСМ (www. aiam.mk) е анонимно и на тој начин не се собираат податоци кои ќе овозможат ваша лична идентификација. При прегледот на сајтот на ЗВРРСМ се користи таканаречниот механизам на колачиња (анг. cookies) за автоматски бележење на податоци кои се однесуваат на конкретните прегледи (сурафање) кое се извршува.
Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата веб страна со што се овозможува побрз пристап.. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на web услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Овие собрани податоци ЗВРРСМ може да користи за да ви овозможи поефикасна корисничка услуга, да ја олесни употребата на веб страницата, без потреба од често внесување на истите податоци или за прилагодување на веб страната на вашите лични предности и интереси.
За случаите кога ЗВРРСМ ги прибира, чува и користи Вашите лични податоци екслипицитно и транспарентно ќе објавиме и ќе ја побараме Вашата согласност.
ЗВРРСМ не продава, изнајмува или дава лични податоци на корисниците на веб-страниците на трети лица без Ваша согласност. ЗВРРСМ може да ги пренесе вашите лични податоци на трети лица за одредени цели само со Ваша изрична согласност или ако тоа со закон е наложено. Во такви случаи, ЗВРРСМ го забранува користењето на вашите лични податоци за други цели освен за договорените и ќе го обврзе третото лице за зачувување на доверливоста на личните податоци.

Пристап до вашите информации и вашите права

Ако сакате да дознаете кои категории на Ваши лични податоци ги обработува ЗВРРСМ , за која цел или да побарате бришење или корекции во податоците, Ве молиме доставете го пополнетиот Образец (Барање за информации за обработка на лични податоци) на следнава e-mail адреса: contact@aiam.org.mk

© 2021 AIAM. All rights reserved.