Почитувани членови,
Со задоволство ве информираме дека е отворен Повикот за волонтери за глобалните комитети и одбори на IIA за мандатот 2027–2028.
Ова е можност за членовите на IIA да се вклучат активно во работата на глобалната организација и да придонесат кон развојот и унапредувањето на професијата интерна ревизија на меѓународно ниво.
Преку учеството во глобалните комитети и одбори, членовите имаат можност да:
- придонесат со своето професионално знаење, искуство и експертиза;
- соработуваат со професионалци од различни земји и средини;
- учествуваат во иницијативи и активности важни за иднината на професијата;
- го прошират своето меѓународно професионално искуство и мрежа на контакти.
Особено ги охрабруваме CIA-сертифицираните членови да ја разгледаат можноста за пријавување.
За повеќе информации и за поднесување пријава, посетете ја страницата:
Краен рок за пријавување: 23 октомври 2026 година.
Ве охрабруваме да ја искористите оваа можност за активно учество во глобалната IIA заедница и за придонес кон развојот на професијата интерна ревизија.
Со почит,
ЗВРРСМ
