Подржано од:
Здружението на внатрешни ревизори на Р. С. Македонија, со огромно задоволство ве кани на обуката за новите Глобални Стандарди за интерна ревизија. Целта на обуката е да ве запознае со промените и новите барања, и да ви помогне со нивната имплементација.
Предавач е Hans-Peter Lerchner, (CISA, CIA, CRMA) од Австрија кој е член на Одборот на Меѓународни Стандарди за интерна ревизија и директно учествувал во нивното создавање.
Датум: 07 Јуни 2024 , 09h – 16h
Локација: Настанот ќе биде хибриден. Локацијата за физичко присуство, дополнително ќе биде објавена.
CPE: 7 CPE часа
Јазик: Обуката ќе биде на Англиски Јазик со обезбеден превод на Македонски Јазик.
Регистрација и надоместок:
- За регистрација и уплата до 24 Мај 2024 година (Early Bird)
-
- Членови на Здружението на внатрешни ревизори на Р. С. Македонија: МКД 4.800
- За сите останати кои не се членови на Здружението: МКД 5.800 (ЕУР 95)
- За регистрација и уплата по 24 Мај 2024 година
-
- Членови на Здружението на внатрешни ревизори на Р. С. Македонија: МКД 5.800
- За сите останати кои не се членови на Здружението: МКД 6.800 (ЕУР 110)
За група од тројца и повеќе учесници од ист субјект обезбеден е попуст од 10%.
Уплата:
Здружение на внатрешните ревизори на Р.С.Македонија
Жиро сметка:200002577402706 Стопанска Банка АД Скопје
Даночен број: 4030008037125
Уплатата треба да биде извршена најдоцна до 24 Мај 2024 година за условите на “рана уплата” или до 06 Јуни 2024 година.
Профактура
Регистрација:
Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите преку пристапување на следниот линк.
https://forms.gle/KrZSJ9fkKummmswu7
Коментари