Континуиран мониторинг на ризиците и  улогата на Внатрешната Ревизија

Континуиран мониторинг на ризиците и улогата на Внатрешната Ревизија

Во овој денешен динамичен контекст на постојани промени и ризици, внатрешните  ревизори се соочуваат со предизвици во три клучни области:

  • промена на големо кон работа на далечина, што има импликации врз средствата, управувањето и ревизорската покриеност бидејќи воспоставените протоколи не можат секогаш да се имплементираат
  • нови и потешки ризици, на пример, околу безбедноста на информациите
  • потребата за нови стратегии и процеси, вклучувајќи иновативни дигитални алатки за аналитика и машинското учење

Многу ревизорски функции во моментов се на почетокот на патувањето кон искористување на целосниот потенцијал на дигиталните алатки и агилноста која ја носи со себе машинското учење и аналитичките алгоритми за предвидување. Во многу случаи, овие напори се спречени од предизвици поврзани пред се со квалитетот на податоци, односно недостаток на единствени, проверливи извори на податоци (езера со податоци).  Исто така и обученоста и тренингот на вантрешните ревизори, за користење на овие алатаки мора да биде сеопфатно и континуирано. Функциите за ревизија кои вклучуваат нови технологии и зголемена автоматизација треба да овозможат побрзи циклуси на ревизија и навремено известување.

Истовремено, тимовите на внатрешната ревизија треба да обезбедат контролен мониторинг на функциите од втора линија во рамките на своите компетенции. При тоа останува примарната функција на Внатрешната ревизија како независна активност за давање на објективно уверување и совет за да се зголеми вредноста и подобри квалитетот на работењето на организацијата / компанијата во целина.   Овие базични постулати на Внатрешната ревизија не смеат да бидат загорезни и доведени во прашање во ниедна ситуација, дури и во услови зголемен притисок во текот на COVID-19 пандемијата.

Моделот за континуирано осигурување на ризик и контрола ќе овозможи функцијата на внатрешна ревизија во секоја организација да обезбеди повредни, ефективни услуги за осигурување на нивните засегнати страни на ниво на корпоративното управување. Традиционалните, периодични ангажмани за проверки и гаранција со релативно тесен фокус ќе бидат заменети со програма за континуирано осигурување со поширок и подлабок увид во  управувањето со ризикот и поврзаните контроли.

Коментари

© 2021 AIAM. All rights reserved.