Надворешна проценка на квалитет на функцијата Внатрешна Ревизија

Надворешна проценка на квалитет на функцијата Внатрешна Ревизија

23 и 24ти Септември

6 Часа Континуелна настава-CPE

Дали знаете дека спроведување на Надворешна проценка на квалитет на Функцијата Внатрешна Ревизија не е само обврска согласно Меѓународните стандарди за внатрешна ревизија? Секоја организација која што сака да го подигне својот квалитет има потреба од независна проценка.

-Дали знаете дека постојат два вида на надворешна проценка на квалитетот на функцијата Внатрешна Ревизија?

IIA С.Македонија во соработка со предавачот Vassilis Monogios, CPA, CIA, CRMA, COSO IC организира тренинг за Надворешна проценка на квалитетот на функцијата внатрешна ревизија. Vassilis Monogios има 23 годишно искуство во внатрешна ревизија и во давање на професионални услуги за разновидни ангажмани. Тој ја има започнато својата кариера во 1998 год во Grant Thornton Greece која што продолжува понатаму во Eurobank Greece како Директор на проценка на квалитетот, за во 2019 година да основа своја компанија AmiD за давање на услуги од областа на корпоративното управување, интерни контроли и професионални ревизорски услуги.

Тренингот ќе биде одржан on line на 23 и 24ти Септември;

23 Септември 09.30-12.30ч

24 Септември 10.00-13.00ч

Цената на тренингот е 4500,00 ден за нечленови, а за членовите на IIA е 3500,00 ден.

Тренингот ќе биде на англиски јазик и ќе има обезбедено македонски превод.

Пријавувањето треба да се направи на contact@aiam.org.mk со испраќање на емаил.

Коментари

© 2021 AIAM. All rights reserved.