Сертификат за Управување со Ризик (CRMA®)

Сертификат за Управување со Ризик (CRMA®)

CRMA сертификацијата e наменета за внатрешни ревизори и професионалци во делот на управување со ризиците кои имаат одговорност и искуство во обезбедување на осигурување за управување со ризикот, корпоративното владеење, квалитетот и оценување на контролите (CSA).
Програмата ја демонстрира способноста на поединците да проценат динамички компоненти кои вклучуваат управување со организацијата и управување со ризиците во организацијата и обезбедување совети за овие прашања .

За повеќе информации посетете :
https://global.theiia.org/certification/crma-certification/Pages/CRMA-Certification.aspx

Услови за стекнување на професионална титула CRMA®

Пред се премине на процесот на верификација на знаење и полагање на испитите, кандидатот треба да исполни неколку предуслови и да се согласи и прифати условите на програмата одобрени од страна на Одборот за професионална сертификација на Глобалниот институт (The IIA’s Professional Certification Board – PCB), како што се:
Етичкиот кодекс (Code of Ethics), и Политиката за континиуирано професионално образование (Continuing Professional Education (CPE).

Кандидатите мора да имаат активен CIA сертификат пред да аплицираат за оваа CRMA сертификација.

Работно искуство

Кандидатите со четригодишно универзитетско образовнаие мораат да имаат најмалку 24 месеци искуство во делот на интерната ревизија или еквивалентно искустство во делот на управување со ризиците и контролните системи. Формуларот за верификација на искуството мора да биде пополнет. Кандидатите можат да аплицираат за програмата и да полагаат испити пред да стекнат релевантно работно искуство,но нема да ја стекнат титулата пред да го завршат потребното работно искуство.

Членство во Глобалниот институт – Тhe IIA

Општо, за CRMA сертификатот не е потребно членство во Глобалниот институт, но секако Ве охрабруваме да ги земете предвид придобивките од ова членство.
Членовите на Глобалниот институт (the IIA) имаат право на попуст на учебниците за програмата и курсевите, на самите испити, имаат пристап до најновите извори за подготовка на испит, тековните вести и информации и можноста за вмрежување.

Образование

Кандидатите за CIA мораат да имаат најмалку универзитетска диплома на 4 годишни студии или еквивалентно образование на акредитирана институција.

Важна промена за самиот процес на сертификација се однесува на Одлуката на одборот на директори на Глобалниот институт, која се однесува на кандидатите кои не поседуваат диплома од акредитиран универзитет.
o Одлуката се однесува на тоа дека како субституција на дипломата, може да се достави доказ за две годишно образование на високошколски установи и пет години  искуство во интерно ревидирање или еквивалентно искуство.. или
o Седум години потврдено искуство во внатрешната ревизија или еквивалентно искуство.

CRMA испит содржина

На CRMA испит опфаќа следниве четири области :
Домен I: Организациско управување поврзано со управување со ризици (25-30%)
Домен II: Принципи на процеси за управување со ризик (25-30%)
Домен III: Улога за уверување на внатрешниот ревизор (20-25%)
Домен IV: Консултантска улога на внатрешен ревизор (20-25%)

Сумарно

Важна напомена:
Во текот на 2021 Глобалниот институт, најави промена во самиот концепт и и програмата на CRMA сертификатот. Започнувајќи од 1 април 2021 година, ажурираната програма за сертифицирање во управување со ризик (CRMA) е со цел да ги одрази длабинските организациски знаења и напредните множества на вештини потребни за да се успее во осигурувањето за управување со ризици. Исто така сега е позиционирана како патека за кариера за внатрешните ревизори откако ќе ја постигнат ознаката Овластен внатрешен ревизор® (CIA). Промените вклучуваат нов испит, како и ажурирани предуслови и барања за искуство.

За повеќе детали и најновите информации поврзани со самиот процес погледајте го следниов документ на Глобалниот институт:
https://na.theiia.org/certification/Public%20Documents/CRMA-Revision-Handbook.pdf

Здружението на Внатрешни Ревизори на Р.С. Македонија ве охрабрува да го направите вистинскиот чекор во Вашата кариера.

© 2021 AIAM. All rights reserved.