Зошто тренинг обуките се важни за внатрешните ревизори?
Тренинг обуките претставуваат можност за надополнување на знаењето за одредени области на вработените или менаџментот, во зависност за кого се насочени.
Квалитетна обука е составен дел од деловниот успех. Внатрешната ревизија постојано се развива и деловните субјекти треба да бидат во тек со новите случувања за да преживеат, особено во сегашната економска клима.
Многу бизниси веќе препознаваат дека инвестирањето во обука има позитивно влијание врз подобрувањето на знаењето и вештините на персоналот. Сепак, некои се помалку свесни дека честата (до)обука има многу пошироки придобивки отколку подучувањето на основните вештини.
Во прилог прочитајте ги некои од најважните причини зошто тренинг обуките се важни:
1.Во тек со најновите трендови
Внатрешната трговија е жива материја, која често подложи на промени. Главната причина за организирање на тренинг обуки или презентации е да се доближат актуелните светски трендови и новитети на домашните ревизори.
“Learn continually. There’s always “one more thing” to learn.” – Steve Jobs
2.Проширување на мрежата на контакти
Обуките се одличен начин како да запознаете нови колеги од истиот сектор или функции блиску поврзани со работата на ревизорот, како менаџери, управители и др. Сите овие контакти ќе ви бидат одлична појдовна точка за создавање на нови партнерски конекции, бизнис познанства и многу друго.
“Networking is not collecting contacts! Networking is about planting relations.”
3. Учење преку туѓи примери
За време на тренинг обуките може да слушнете примери за справување со некој проблем или предизвик од секојдневното работење , кој можеби дотогаш не сте го сретнале.
Споделувањето на сопственото искуство и слушањето на искуството на другите ревизори ќе ви помогне да научите многу преку директни примери и заедничка поддршка.
“Smart people learn from their mistakes. But the real sharp ones learn from the mistakes of others.” – Brandon Mull
- Подобрување на работата на компанијата
Новостекнатото знаење од обуките ќе резултура со подобри, поефикасни и поквалитетни кадри, мотивирани да го преточат своето знаење во реалноста, со што гледано долгорочно, ќе се подобри работењето на компанијата и ќе се намалат трошоците од работењето.“An organization’s ability to learn, and translate that learning into action rapidly is the ultimate competitive advantage.” -Jack Welch
5.Личен напредокНа крајот на денот, крајниот бенефит од сите тренинг обуки го добивате лично вие. Знаењето и искуството е нешто што никој не може да ви го одземе, ниту пак даде- морате сами да ја градите вашата бизнис кариера.
“The best investment you can make, is an investment in yourself… The more you learn, the more you’ll earn.”– Warren Buffett
Ytterligere fytokjemisk analyse av den bioaktive fraksjonen resulterte i bruken av basisk tannin og to varianter av pentacyklisk triterpen som olean. cialis pris apotek sverige Histokjemiske fargestoffer som brukes til lokalbedøvelse inkluderer Kongo rød, tioflavin S eller T, fiolett og sulfatert alcian.
Коментари