Историјат

Формирање на Здружение на Внатрешни Ревизори на Македонија
Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (во понатамошниот текст: ЗВРМ) е основано како непрофитна организација на 6.06.2008 година.
Првото Собрание на кое е презентирана идејата за формирање и постоење на ЗВРМ во Македонија е одржано на 6.06.2008 година, на кое беа донесени следните одлуки:

– Одлука за основање на Здружение на внатрешните ревизори на Македонија
– Одлука за усвојување на Статутот;
– Одлука за усвојување на програмата;
– Одлука за усвојување на Етичкиот кодекс;
– Одлука за именување на членови на органите на Здружението;
– Одлука за утврдување на висината на членарината;
– Одлука за именување на лице за застапување на Здружението.

• На 17.10.2008 година ЗВРМ организираше средба на заинтересирани лица со претставникот од IIA Global Denis Bergevin за претставување и афирмација на IIA Global во Македонија и за афилијација на ЗВРМ во глобалното здружение.

• Второто собрание се одржа на 20.12.2008 година. На ова собрание беа донесени следните одлуки се однесуваат на:
– Донесување на Буџетот за 2009 година;
– Донесување на Програмата за работа за 2009 година;
– Донесување на Одлука за пристапување кон IIA Global;
– Избор на членови на Управен одбор;
– Избор на членови на Надзорен одбор;
– Одлука за организирање на неформални средби на членовите поради размена на искуства.

• Во текот на 2009 и 2010 година активностите на ЗВРМ ги спроведуваше седниците на УО преку редовни состаноци и постојана комуникација преку електронска пошта. Активностите во најголем дел беа насочени кон постојана комуникација со IIA Global, со цел исполнување на потребните услови и документирање на истие до IIA Global. Наведенот резултираше со добивање на статусите Institute in prospective и Institute in formation.

Промовирање и прифаќање на ЗВРМ во Република Македонија
Во изминатиот период, ЗВРМ јавно немаше формална презентација. Не се воспоставија формални работни односи со релевантни министерства, факултетски установи, НБРМ, комора и слично.
Иако се случија неформални презентации и разговори со релевантните страни, предизвик во наредните години останува воспоставувањето на договори за соработка со релевантните страни за работењето на ЗВРМ.
Во рамки на неформалните презентации го истакнуваме учеството на јавната парламентарна расправа во врска со Законот за ревизија, со што јавноста за прв пат дозна за постоење на Здружение на Внатрешни Ревизори во земјата.

 

© 2021 AIAM. All rights reserved.