Етички кодекс на здружението на внатрешните ревизори на Македонија

ВОВЕД

Овој етички кодекс има за цел да го насочи развојот на етичкото однесување во сферата на внатрешната ревизија.

Внатрешната ревизија е независна и објективна дејност за уверување и консултации, со цел да допринесува за додавање на вредност и подобрување на дејноста на организацијата. Внатрешната ревизија и' помага на организацијата да ги постигне целите, преку примена на систематски и дисциплиниран приод за оценување и подобрување на ефективноста на процесите и управувањето со ризиците.

Етичкиот кодекс е неопходен услов за работа во сферата на внатрешната ревизија. Внатрешната ревизија, како дејност е изградена врз основа на довербата во објективноста на процесите за управување на ризикот, контролата и управувањето. Етичкиот кодекс на Институтот е проширен и надвор од внатрешната ревизија и вклучува во себе две суштински компоненти: 

  1. Принципи, чија примена е во рамки на професијата и праксата на внатрешна ревизија; 
  2. Правила/норми за однесување, кон кои внатрешните ревизори треба да се придржуваат. Овие правила помагаат за практична примена на принципите и имаат за цел да го управуваат однесувањето на внатрешните ревизори во насока на развој на етичко однесување.

Овој Етички кодекс заедно со Рамката на Професоналната Практика на Институтот ги води внатрешните ревизори при извршувањето на нивната дејност. Терминот “внатрешни ревизори” ги вклучува во себе членовите на Институтот, имателите или кандидатите за професионален сертификат од Институтот на Внатрешни Ревизори, како и сите, кои извршуваат услуги на внатрешна ревизија согласно дефиницијата за внатрешна ревизија.

 

ПРИМЕНА И ИСПОЛНУВАЊЕ

Етичкиот кодекс се применува како за лица, така и за организации, кои извршуваат услуги на внатрешна ревизија. Фактот дека конкретен начин на однесување не е децидно забранет во Етичкиот кодекс, не го ограничува дисциплинското санкционирање, до колку е разумно истото да се смета за неприфатливо, неприменливо или дискредитирачко.

Непочитувањето на Етичкиот кодекс од страна на членовите на Институтот, имателите или кандидатите за професионалниот сертификат на Институтот на Внатрешни Ревизори, се разгледува и оценува во согласност со Уставот и Административните одредби на Институот.

 

ПРИНЦИПИ

Од внатрешните ревизори се очекува да ги применуваат и запазуваат следните принципи:

  • Чесност - Чесноста на внатрешните ревизори гради доверба, која создава основа за  точост на ревизорското мислење.
  • Објективност - Внатрешните ревизори демонстрираат висок степен на објективност при собирање, оценување и претставување на информациите, поврзани со дејството или процесот кој е предмет на ревизија. Внатрешните ревизори даваат балансирана оценка за сите поврзани процеси и се ослободени од влијание на сопствени или туѓи интереси при формирањето на ревизорското мислење.
  • Доверливост - Внатрешните ревизори ја уважуваат постојаноста и сопственоста на информацијата која ја проучуваат во процесот на работа и не ја откриваат информацијата, без релевантно овластување, освен во случаи кога имаат законска или професионална обврска.
  • Компетентност - Внатрешните ревизори ги користат знаењата и искуството неопходни за спроведување на внатрешна ревизија.


ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ

1. Чесност - Внатрешните ревизори: 

1.1. Треба да ги исполнуваат своите задолженија чесно, совесно и одговорно. 

1.2. Треба да ја почитуваат законската регулатива и да ги обелоденуваат информациите согласно нејзините барања. 

1.3. Не треба свесно да учествуваат во незаконска дејност или да извршуваат активности кои ја дискредитираат професијата на внатрешен ревизор или организацијата на внатрешните ревизори.

1.4. Треба да ги почитуваат цели на организацијата и да допринесуваат за нивно постигнување во согласност со законската регулатива и етичкиот кодекс. 

2. Објективност - Внатрешните ревизори: 

2.1. Не треба да учествуваат во дејности или однесувања кои можат да ja намалат нивната објективност при проценките. Тоа вклучува и дејности или однесување, кои можат да бидат во конфликт со интересите на организацијата. 

2.2 Не треба да прифаќаат ништо, што може да се смета дека ја намалува нивната објективност. 

2.3 Треба да ги истакнат сите суштествени факти, кои доколку се извесни и не се истакнати, би можеле да ги изобличат резултатите од ревизијата.

3. Доверливост - Внатрешните ревизори: 

3.1 Треба да внимаваат при користењето и заштитата на информациите, добиени за време на нивната работа. 

3.2 Не треба да ги искористуваат информациите за лични цели или на начин кој би противречел на законската регулатива или на исполнување на цели на организацијата во согласност со законската регулатива и етичкиот кодекс.

4. Компетентност - Внатрешните ревизори: 

4.1. Треба да даваат само такви услуги, за кои што ги имаат неопходните знаења и искуство.

4.2 Треба да даваат услуги од внатрешна ревизија, кои се во согласност со Меѓународните Стандарди за Професионална Пракса во Внатрешната Ревизија. 

4.3 Треба постојано да го усовршуваат своето знаење, ефективност и квалитетот на услугите.

Авторски права © 2000 Институт на внатрешните ревизори , 247 Меитланд Авенија , Алтамонтe Спрингс , Флорида 32701-4201.